Капитенот на охридските сини, Зоран Лошкоски ќе паузира на наредните два натпревари.

Причина за неговата принудна пауза е црвениот картон на мечот со Теткес, кој Охрид го загуби со 4-1.

Лошкоски ќе ги пропушти натпреварите против Беласица,сабота на гости, како и мечот против Слога Ј.

По одлежаната суспензија од ФФМ, oхриѓани натпреварот против Слога Ј. ќе го играат на Билјанини Извори .