Две победи на гостите два ремија и пет победи на домаќините во третото коло од втората фудбалска лига . Дербито на колото помеѓу Слога и Металург им припадна на металурзите кои со 2-0 го забетонираа Чаир.Покрај Металург на делба на првото место е Тетекс кој се намачи со аутсајдерот, струшки Караорман совладувајќи го минимално 1-0.
Силината на Тетекс кој се уште нема пораз во новиот шампионат ке ја видиме на дело во сабота на Билјанини .Понатаму следат Скопје и Маџари кои немаа(т) проблеми на домашен терен совладувајки ги новите второлигаши Локомотива односно Дрита.Турново е екипата која во струмичкото дерби со 2-1 го совладаа Нов Миленим.
Кругот на екипите кои ке се борат за висок пласман се заоокружува со охридските сини кои по 3 кола немаат пораз. Само поради слабото судење не успеаа од Скопје да се вратат со цел плен .Вистинскиот тест за можностите ке имаат в сабота кога на спортски доаѓа Тетекс.До првата победа во новото првенство стигна и екипта на Илинден ,во доминантна игра го поразија Вардар од Неготино и уште еднаш покажаа дека на теренот во Велмеј ретко кој ке може да смета на бодови .До првата победа стигна и штипска Брегалница која го доби дербито на поранешните прволигаши со Влазрими 2-1,продолжува кризата во редовите на кенгурите кои по 3 кола имаат само еден бод .
ФК Охрид
Во наредното четврто коло дерби натпревари ќе се играат во Охрид и Струга.На градски во Струга Караорман ке го пречека Илинден.Дербито на колото се игра на Билјанини.Во дуелот на непоразените екипи Охрид ке го пречека Тетекс
Победа дома ,нерешено во гости е рецептот за влез во Првата лига.Победа дома пораз на гости е рецептот за опстанок во лигата.
Внимавајте кој рецепт ќе го спремите !
Мирко Постоловски