Застанаа кога најмалку се очекуваше. Охридскиот АМАК СП го одигра најслабиот натпревар на домашен паркет, по што поразот беше неминовен. Пропуштена е одлична можност, со триумф над МЗТ да се одлепат на третото место, но и да се влезе со 1-0 предност во евентуален двобој со МЗТ ФОН во разигрувањето. Нема време за плачење. Утре доаѓа лидерот и актуелниот освојувач на Купот, Фени Инд.

По освојувањето на купот, кошаркарите на Фени, рутинирано триумфираа над Вардар, во пресрет на гостувањето во Охрид, каде беа поразени во првиот дел од првенстовото.

Поразот на Вардар од Фени, ја подотвори вратата за Металците кон разигрувањето. На добар пат се да го осигураат последното место кое води во разигрувањето. Прекината е негативната серија, па во ведра атмосфера металците го пречекуваат вечното дерби.

Работнички го начека шампионот Струмица и наплати за сите порази во досегашниот дел. Исклучително важен меч за шпедитерите е вечното дерби, против МЗТ во кое ќе влезат со 2-1 предност.

По смената на тренерската позиција Пелситерци триумфираа кај Соколите. Вистинската работа за Сазовски допрва престои.

Наредно коло :
АМАК-СП – Фени Инд.
Свисслион П. – В. Осигурување
МЗТ ФОН – Фершпед Р.
Струмица – Карпош С.

Табела :

Фени Инд.  26 49
Струмица  26  45
Ф. Работнички 26  41
АМАК-СП 26  41
С. Пелистер 26  41 
МЗТ ФОН 26  39
Вардар О.  26  36
Соколи   26  27