Фудбалскиот клуб Вардар го чека нова неизвесност откако градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов изјави дека клубот го посакува со чиста сметка и без долгови, како што прет шест години го добил Русинот Сергеј Самсоненко.
Во овој момент она што го имам како сознание ФК Вардар е должен, односно сопственикот на Вардар е должен над два милиони евра. Секој добар совет како да влезат два милиони евра во касата на ФК Вардар јас ќе го прифатам. Ако вие имате начин како да му се дадат на Самсоненко два милиони евра за да ги врати долговите и да го спасиме Вардар, јас сум прв што ќе ви подадам рака. Вардар може да биде вратен на градот само со нула долгови, онака како што Сергеј Самсоненко го зеде пред шест години. –изјави Шилегов во дебатната емисија на „ТВ21“.
Вардар може да ја добие лиценцата само ако во последен момент се најде јунак кој ќе ги исплати долговите. Дали ќе има таков, наскоро ќе дознаеме бидејќи нема многу време до одлучувањето за лиценците.
OhridNews