Додека некои едвај сврзуваат крај со крај, други не знаат што да прават со парите, та на аукции на необични броеви за мобилен телефон трошат милиони. Најскапиот број продаден во Обединетите Арапски Емирати, бројот 052 2222 222, бил дел од аукција која ја организирал телеком Ду во саботата во Дубаи.
Ахмед Абурахим, потпретседател за Владини односи во ОАЕ изјавил дека бројот бил продаден за повеќе од два милиони долари на локален бизнисмен, што е нов рекорд на аукциите за број на мобилен телефон во Еморатите. Идентитетот на купувачот не бил објавен. Комапнијата Ду соопштила дека дел од парите од продажбата ќе одат во добротврони цели.