Поради физичкиот напад над главниот судија на натпреварот помеѓу Охрид и Вардар Декамел на стадионот „Билјанини извори “охридскиот второлигаш две средби ќе игра без публика на свој терен, додека комесарот на клубот Диме Буџаковски и тренерот на голманите Благоја Буџаковски, ќе паузираат по 12 месеци.

Главниот судија на натпреварот Охрид – Вардар Декамел, прилепчанечот Жарко Димески ќе биде на принуден одмор во наредните  30 дена. На овој натпревар контролорот Трајче Кипријановски му даде слаба оценка и според тоа ќе треба добро да се одмори бидејќи стручниот судиски совет во целост го прифати извештајот на скопскиот контролор.