По завршувањето на тековната сезона ќе и истече договорот на Андреа Лекиќ со Вардар и самата ќе одлучува за својата понатамошна кариера.
Лекиќ три сезони е дел од „црвено црното“ семејство, а моментално најблиску до нејзниот потпис е тимот на Крим каде се промовираше Србинката во европскиот ракометен крем.
Во игра за потписот на организираторот на играта на Вардар е и составот на Букурешт кој неодамна се сретна со македонскиот првак во Лигата на Шампиони.
Публиката во Јане Сандански на мечот со Будуќност порача Лекиќ да остане, но после завршување на сезоната сама ќе одлучува како и што понатаму.
OhridNews