Италијанските претставници Милан и Аталанта доживеаја елиминација во баражот за пласман во 1/8 финалето од Лигата на шампиони, а фаворитите Баерн Минхен и Бенфика со многу среќа обезбедија пласман во наредната рунда.
Лига на шампиони бараж реванш средби 18.02.’25:
Милан – Феенорд 1:1 (0:1)*
Аталанта – Клуб Бриж 1:3 (1:2)
Баерн М. – Селтик 1:1 (2:1)
Бенфика – Монако 3:3 (1:0)
*Во заграда се резултатите од првите натпревари.
Вечерва се играат уште четири средби во кои се среќаваат:
Реал М. – Манчестер С. (3:2)
Борусија Д. – Спортинг (3:0)
ПСВ – Јувентус (1:2)
ПСЖ – Брест (3:0)
Г.М.