Вчера во 14 часот, на паркинг простор во Струга, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од 28-годижен жител на селото Велешта врз 27-годишен жител на Струга. Во физичкиот напад се вклучило и уште едно непознато лице.
ОВР Струга презема мерки за целосно расветлување на настанот по што, ќе поднесе соодветна пријава, соопшти полицијата.
Исто така вчера, жител на струшкото село Ливада, во ОВР Струга пријавил дека на 14 септември се случил пожар на ниви во атарот на селото, сопственост на неговите браќа и роднини. По извршен увид, констатирано било дека опожарени се ниви со насади од пченка, разни садници, како и повеќе бали со сено и јонџа.
Интервенирала Противпожарната единица од Струга која го изгаснала пожарот.
OhridNews