Два млади гепарди побегнале од зоолошката градина во Сазбург, на северот на Австрија, а после неколку часа на слобода самите се вратиле во својот кафез. Претставничката за зоолошката градина објаснила дека нивната мајка постојано ги повикувала, а тие ги следеле нејзините крици. Двете женки, кои на свет дошле минатата година, успеале да дојдат до соседното гратче каде биле обиколени од околу 30 полицајци.

Полицијата чекала да пристигне ветеринар како би ги успале животните, но на крајот се воспоставило дека тоа не е потребно бидејќи бегалците два часа подоцна самостојно се вратиле во кафезот, водени од чуварите и мајчините повици. Нивната мајка исто така излегла од кафезот но не ја напуштила зоолошката. Од зоолошката објасниле дека гепардите се најмалку опасни од сите големи мачки бидејќи не се градени да ловат голем плен.