СВР Охрид информира за два случаи на агресивно однесување, еден поради недоразбирање во сообраќајот, вториот во семеен дом.

На 24.03.2025 во 20.35 часот во СВР Охрид, 47 годишно лице од Охрид пријави дека околу 17.30 часот на бул. „Туристичка“, поради недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од лице од Охрид и му се заканувал со остар предмет. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

На 24.03.2025 во 14.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 55 годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите родители и оштетил дел од покуќнинанта. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

OhridNews