Манифестацијата „Прличеви беседи“ започнува утре, а деталите околу свеченостите ќе бидат соопштени на денешната прес-конференција што ќе се одржи во Центарот за култура во Охрид.

116-годишнината  од смртта на охридскиот поет и преродбеник, Григор Прличев ќе се одбележува два дена во Охрид, а организатори се националните установи-Библиотека и Центар за култура кои го носат името на ловороносецот, со финансиска поддршка од Министерството за култура и во соработка со Општина Охрид.

Ohridnews