Повеќечасовен прекин ќе има во водоснабдувањето кај корисниците на повеќе улици во градот, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Поради два одделни настанати дефекти на водоводната мрежа, денес од 09:00 часот, повеќе часа без вода ќе бидат корисниците на улиците: „АСНОМ“, „Галичица“, „Никола Карев“, „Мирче Ацев“, „Лазо Трпоски“, „Ванчо Питошески“, „8ми Септември“ и „Карпош Војвода“ (прв дефект) и сите улици од горната зона на стариот дел на градот (втор дефект), посочуваат.

Додаваат дека екипи на претпријатието се на терен до целосно завршување со санациите.

OhridNews