Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денес им врачи решенија на 30 вработени во различни организациони единици на МВР, со кои вработените еднократно се наградуваат заради остварените забележителни резултати во работењето во текот на изминатата година. Меѓу нив се и двајца вработени во Секторот за внатрешни работи Охрид, Љупчо Стојкоски и Дејан Георгиески од охридската Полициска станица.

  • Чест ми е што како министер за внатрешни работи ja имам можноста да ви оддадам признание за се она што е реализирано изминатиов период, а со особен квалитет и покажана иницијативност во работењето и вршењето на работни задачи во текот на минатата година, и сето тоа да се верификува на ваков начин со доделување решение за зголемен износ на плата, истакна министерот Спасовски.

Министерот потенцираше дека овој успех и постигнатите резултати ќе претставува поттик не само за наградените, туку и за нивните колеги, уште поагилно и попосветено да работат во подигнување на интегритетот на полицискиот службеник, и да се соочат со сите професионални предизвици со максимална посветеност и пожртвуваност.

OhridNews