Екипата на Струга, ќе биде пред големо искушение да опстане во Супер лигата бидејќи трансфер периодот не го започна најдобро откако три ракометари го официјализираа заминувањето.
Во вчерашниот ден, разделба со струшкиот состав најавија голманот Александар Стојаноски и десното крило Пеце Рајатоски. Двајцата ракометари не обелоденија во кој клуб ќе продолжат, но сигурно имаат повеќе опции во изборот на нова средина.
Претходно од Струга во вториот тим на Еурофарм Пелистер се пресели левото крило со репрезентативен потенцијал, Цветан Кузманоски.
OhridNews