Според статистичките податоци на МВР, во изминатото деноноќие, на подрачјето на СВР Охрид, полициските службеници констатирале 62 прекршоци за неносење лична заштита на лицето: Охрид-34, Струга-05, Кичево-23.

Против прекршителите се поднесени соодветни пријави.

Во овој период, во Охрид регистрирани се две прекршувања на забраната за движење од 22 до 05 часот со цел спречување на ширењето на вирусот Ковид 19. Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Изминатото деноноќие полициските службеници во соработка со Државниот пазарен инспекторат извршиле и 101 контрола во угостителски и други објекти: Охрид-40, Струга-09, Кичево-35, Дебар-17.

OhridNews