Околу 13.30 часот на улицата „Железничка“ во Охрид, се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко возило и моторцикл, на кој се превезувале две лица.

Во несреќата со повреди се здобиле лицата кои се превезувале со моторциклот. Едното е префелено во општата болница, а другото во специјалната болница „Св.Еразмо“, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Увид на местото на незгодата изрши полициска екипа.

OhridNews