Охридскиот ракометен клуб, во дербито на колото, во плејофот од Супер лигата го совлада Металург со 27-26 и заслужено има најмногу, вкупно двајца свои претставници во идеалниот тим за 4-та рунда, одбран од специјализираната страна за ракомет „24ракомет.мк“.
Тимот на колото го предводат левото крило Крсте Андоновски и голманот Никола Даниловски. Капитенот на охриѓани имаше маестрален натпревар, постигнувајќи пет голови од шест обиди, а Даниловски со девет одбрани беше на висина од задачата на средбата со поранешниот клуб.
По еден свој претставник во тимот на колото имаат Еурофарм Пелистер 2, Еурофарм Пелистер, Прилеп, Тиквеш и Вардар.
- Идеалниот тим:
Голман: Никола Даниловски (Охрид)
Лево крило: Крсте Андоновски (Охрид)
Лев бек: Јанче Јанчев (Тиквеш)
Среден бек: Ловро Јотиќ (Вардар)
Десен бек: Павле Петровиќ (Еурофарм Пелистер 2)
Десно крило: Реваз Чантурија (Прилеп)
Пивот: Томислав Кушан (Еурофарм Пелистер).
OhridNews