Од МВР информираат дека вчера околу 14 часот, во Полициската станица Центар во Скопје, 36-годишна охриѓанка пријавила дека на Кеј „13-ти Ноември“ била касната од куче скитник во пределот на десната нога.

Истиот ден, во Полициската станица Центар 28-годишен охриѓанец пријавил дека на Кеј “13-ти Ноември“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.

Ваквите инциденти во Скопје станаа секојдневие. Билтените на МВР секој ден содржат неколку случаи на пријави од граѓани кои биле каснати од кучиња скитници. И покрај најавите на надлежните проблемот кој се провлекува со години не е решен.

OhridNews