Изминатово деноноќие, три лица (Охрид-2, Струга-1), не ја почитувале забраната за движење за време на спроведување на мерките за ограничено движење и заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19, информира СВР Охрид.

Тие се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава. Во истиот период, нема нарушувања на јавниот ред и мир, не се регистрирани кражби и сообраќајни незгоди. – соопшти полицијата.

Непречено се одвива контролата на лица кои се под мерките задолжителен државен карантин, здравствен надзор и домашна изолација и задолжителна 14 – дневна самоизолација. Во Охрид, регистрирани се 14 нови лица со решение за изолација и извршени се 7 контроли на лицата кои веќе се во изолација. Евидентирани се 20 нови лица во самоизолација, ( Охрид-2, Струга-15, Кичево-3) и извршени се 370 контроли врз овие лица (Охрид-44, Струга-191, Кичево-20 и Дебар-115).

На подрачјето на СВР Охрид, регистрирани се вкупно 301 лице што се под задолжителна мерка државен карантин (Охрид- 120, Струга- 181), кои се сместени во три сместувачки објекти (Охрид-2, Струга-1). Полициските службеници извршија 96 контроли на угостителски објекти ( Охрид-16, Кичево-37, Дебар-43).

OhridNews