Денес, во 00 часот и 30 минути, во угостителски објект во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир.

  • Две лица од Охрид, на возраст од 26 и 22 години, биле физички нападнати од, засега непознати лица, кои биле гости во угостителскиот објект. Охриѓаните се здобиле со повреди поради што, со медицинско возило се префрлени на хируршкото одделение во Општата болница во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

СВР Охрид, презема мерки за пронаогање на лицата и расчистување на настанот.

OhridNews