Во последните 24 часа се направени 591 тестирање, а регистрирани се 129 нови случаи со Ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.

Починати се 22 пациенти од кои тројца од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

Вкупната бројка ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965. Во моментов во Охрид има 627 активни случаи, а во Струга 404.

OhridNews