Министерот за образование и наука Арбер Адеми, денеска на службениот Фејсбук профил објави дека е позитивен на корона вирус.
Тој истакна дека почувствувал лесни симптоми по што направил тест за Ковид 19, кој бил позитивен.
Апелирам до сите да ги почитуваат протоколите за доброто на нивното здравје и здравјето на сите граѓани. – напиша Арбери.
Вчера и министерот за економија Крсеник Бектеши објави дека е позитивен на корона вирус.
Драги пријатели,Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на КОВИД-19 тестот направен утрово.За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за КОВИД-19.Ве повикувам сите да се придржувате кон протоколите и мерките за заштита, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства!Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!Здравје и среќа за сите! – напиша министерот Бектеши.OhridNews