Сериозен проблем се појави во пресрет на завршниот турнир во Лигата на Шампиони, откако Атлетико Мадрид објави дека двајца фудбалери се позитивни на вирусот ковид -19. Имињата на фудбалерите не се откриени.

Најновите резултати од тестирањето покажаа два позитивни резултати. Фудбалерите се наоѓаат во самоизолација во своите домови. Одма после добивањето на резултатите ги известиме надлежните институции кои ни дадоа насоки за понатаму. – стои во соопштениет од мадридскиот клуб.

УЕФА спроведе тестирање на сите осум екипи кои се учесници во финалната разврска во ЛШ. Позитивните резултати од тестовите на европската куќа и налагаат брзо решение бидејќи турнирот започнува на 12 август, а Атлетико Мадрид дуелот со Лајпциг го игра на 13 август во четврток.

Според информациите од португалскиот град Лисабон каде ќе се одвива завршниот турнир, фудбалерите и целиот екипаж од клубовите ќе биде секојдневно тестиран со цел максимална претпазливост за ширење на коронавирусот.

OhridNews