Двајца доктори од Институтот за спортска медицина во Каљари и Фиренца ќе одговараат за смртта на  фудбалерот Давиде Астори. Капитенот на Фиорентина изненадувачки почина во спиење во хотел во Удине непосредно пред мечот со Удинезе.

Италијанското обвинителство ќе поднесе тужба за докторите Франческо Стањо и Џорџо Галанти кои потпишале дека Астори е способен да игра фудбал иако резултатите од прегледите не биле најиделани и морало да се интервира прво со забрана и нови детални прегледи.

Стањо пред точно пет години потпишал дека Астори може да игра фудбал, а Галанти пропустот го направил 2016 година. Исто така им се забележува дека морале да ја видат срцевата аритмија која беше причина за смртта на Астори.

 

Фудбалерот на Фиорентина почина на 4 март минатата година.

OhridNews