Тренерот Владимир Цекиќ и боксерот Арсим Етеми од охридскиот боксерски клуб „Алексо Огненовски“ се дел од македонската репрезентација која ќе се натпреварува на „Златниот Гонг“ од 8 до 11 ноември во Скопје.

Најдобриот боксер во охридскиот клуб ќе се бори во категоријата до 81 килограми, додека Цекиќ ќе му биде помошник на селекторот Петре Чурлиновски во подготовката на боксерите.

Македонија на боксерскиот турнир „Златен Гонг“ ќе настапи со осум боксери вклучувајќи го и Етеми. После завршувањето на турнирот во нашата земја следуваат уште два. Во Приштина ќе се одржи „Адем Јашари“, а Ниш ќе биде домаќин на „Златна Ракавица“.

OhridNews