Сите расположиви екипи од охридската противпожарна единица, вработени од Македонски шуми и два авиони го гаснат пожарот кој зафати шума во близина на селото Велмеј во Дебрца. Како што информираат од охридската противпожарна служба, станува збор за дабова шума што се наоѓа на тешко пристапен дел, поради што е и отежнато гаснењето. Според првичните информации во пожарот зафатени се над 40 хектари шума.

Пожарот изби вчера околу 14 часот, по што екипите веднаш беа упатени на терен.

Надлежните велат дека засега нема опасност од проширување на пожарот кон селото Велмеј.

OhridNews