Два американски стари златника се продадени за повеќе од 7,8 милиони долари на аукција организирана на Флорида. Легендарниот „Брашеров Дублон“ од 1787, настанат во ковачницата на Ефраим Брашер, златар и сосед на Џорџ Вашингтон, достигнал на аукција цена од речиси 4,6 милиони долари. Овој златник содржи 26,66 грама злато и е нешто помал од монетите од 50 центи. Неговата вредност во злато денес изнесува 1500 долари, додека во времето кога бил направен вредел околу 15 долари.
Брашеровиот Дублон се смета за прв американски златник со доларска деноминација. Претставникот на аукциската куќа Хертиејџ, рекол дека тоа е една од најзначајните монети во американската историја бидејќи е првиот златник искован во штотуку настанатата држава. Другиот златник, сикован во ковачницата во Филаделфија во 1913 година, продаден бил за 3,3 милиони долари. Станува збор за една од пет постоечки монети со име „Глава на слободата“. Како што пренесуваат агенциите, монетите биле дел од аукциска продажба со која бил остварен приход од повеќе од 55 милиони долари.