Белгиската полиција денеска уапси осомничен вооружен маж кој застрела двајца шведски фудбалски навивачи во, како што соопштија властите, „терористички напад“.
Апсењето, во бриселската населба Скарбек, уследи по интензивната потера во главниот град по напаѓачот вооружен со автоматска пушка.
Полицијата отвори оган за време на апсењето, изјави портпаролот на белгиското обвинителство, Ерик Ван Дујс, без да ја потврди информацијата на телевизијата RTBF дека осомничениот е ранет.
Локалниот градоначалник, Филип Клоз, изјави за францускиот ТВ канал BFMTV дека осомничениот се чини дека е „неутрализиран“. Ова се уште не е потврдено од властите.
Претходно, дел од бриселски медиуми јавија дека осомниочениот е застрелан во градите, но дека е жив и приведен.
Двајца шведски државјани се убиени вчер вечерта во белгискиот главен град Брисел. Убиените Швеѓани носеле дресови на шведската фудбалска репрезентација. Инцидентот се случил околу 19:15 часот на околу пет километри од стадионот “Крал Бодуен“, каде што се играше мечот. Поради нападот шведските навивачи беа задржани на стадионот, а натпреварот беше прекинат.
Властите на Белгија го подигнаа степенот на тревогата за тероризам во Брисел на највисоко ниво, додека во остатокот од земјата тој е на подигнат на едно ниво подолу.
Во врска со нападот се огласи и белгискиот премиер Александер Де Кро, кој на платформата Икс (Х) објави дека му изразил сочувство на неговиот шведскиот колега по вечерашниот „страшен напад врз шведските граѓани во Брисел“.
Нашите мисли се со семејствата и пријателите кои ги загубија своите најблиски. Како блиски партнери, борбата против тероризмот е заедничка, наведе Де Кро.
Тој нападот го оквалификува како „кукавички обид за атентат“ и апелираше до жителите на Брисел да бидат „внимателни“.
Нападот доаѓа во време на засилени безбедносни мерки поврзана со конфликтот меѓу Израел и Хамас, што резултираше со зголеми тензиите во неколку европски земји, но засега нема потврда дека тој е поврзан со случувањата на Блискиот Исток.
OhridNews
фото. МИА