За викендов не се планирани исписи од странски медицински центри и во моментов надвор од државата се лекуваат 48 пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Посочуваат дека во болниците во земјава во моментот се лекуваат 10 пациенти, од кои четворица во Хируршка клиника „Св. Наум Охридски“ три на Клиника за пластична хирургија, двајца пациенти во приватната болница „Систина“.
Во ГОБ „8 Септември“ еден пациент во моментов е на лекување, додека вториот, кој беше вратен од Анкара е прегледан и пуштен на домашно лекување. Исто така, на Клиника за пулмологија, во изминатото деноноќие е прегледан и пуштен на домашно лекување, пациент кој е вратен од Марибор, велат од Министерството.
Додаваат дека состојбата на пациентите останува непромената, односно остануваат во критична состојба пациентите за кои и претходно информираа, додека останатите пациенти се во стабилна состојба.
OhridNews