Дејан Чолески и Благоја Трајчевски од Охридскиот клуб за Бразилска ЏиуЏица „Д Стронгест“, изминатиот викенд, се стекнаа со црни појаси со што стануваат и први Охриѓани со црн појас во оваа боречка вештина која поради ММА и УФЦ зема се поголем замав.
- За да се стекнеш со црн појас во БЏЏ (како се нарекува оваа вештина) потребни се најмалку 10 години активно вежбање. На шега кажано: за помалку време се станува доктор. – велат од клубот „Д Стронгест“.
Охридските ЏиуЏица борци успехот го постигнаа под водство на претседателот на Бџџ федерацијата проф. Ивица Алексовски и проф. Роберт Наумоски од Уџџ Австралија.
Г.М.