Вчера во 14.45 часот, на регионалниот пат Охрид – Св.Наум, во близина на населбата „Св.Стефан“, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, привеле двајца охриѓани на возраст од 35 и 36 години.

Претходно, полициска патрола од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, преземајќи службени мерки, сопрела патничко возило „БМВ“ со охридски регистарски ознаки во кое, двајцата се превезувале и при преглед, во возилото пронајоа и одзедоа најлонска опаковка со марихуана, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews