Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа во 21.33 часот на „Осломејска раскрсница“ кај Кичево. Како што информира СВР Охрид, во сообраќајната незгода учествувале патнички моторни возила „Фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки што го управувала 36-годишна жена од кичевското село Зајас и „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 39-годишен охриѓанец.
Возачоч и сопатничката во аудито (66) од Охрид, се здобиле со тешки телесни повреди и се префрлени во Ургентниот центар во Скопје додека вториот сопатник во истото возило (65) исто така од Охрид, се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево. Кај Е.А. која го управувала првото возило, во Општата болница во Кичево биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи, соопшти СВР Охрид.
Рано утрово во 05.50 часот, на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, патнички автомобил „Фиат Пунто“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 29-годишен жител на Кичево, излетал од патот. Притоа, возачот и сопатничката (20) од Кичево, се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кичево, додека вториот сопатник (31) од Кичево, се здобил со телесни повреди.
Од преземените мерки, констатирано е дека возачот, моторното возило го управувал под дејство на алкохол. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи, информира СВР Охрид.
OhridNews