Осум лица, меѓу кои и двајца македонски војници, се затруле со јаглерод моноксид додека црпеле вода од подрум во Домот на култура во Чрна на Корошкем, во Словенија.
Главниот лекар на Армијата на Словенија Роберт Карота, соопшти дека меѓу затруените се пет припадници на словенечката војска, двајца македонски војници и еден пожарникар.
Инцидентот се случил додека работеле на отстранување на последиците од неодамнешните поплави во Чрна. Вкупно 32 лица биле изложени на гас, меѓу кои 18 припадници на македонската армија, осум пожарникари и шест припадници на словенечката армија. Затруените лица веднаш биле пренесени во болница каде им била укажана соодветна помош.
Според проценките на лекарите, сите затруени се чувствуваат добро и не се во животна опасност. Сепак, превентивно, во болница на понатамошно лекување се задржани пет припадници на словенечката армија, двајца македонски војници и еден пожарникар.
OhridNews
Фото: МИА/РТВ Словенија