Охридските таеквондисти од Хваранг Фист освоија вкупно 12 медали на турнирот во Скопје кој се одржа викендов што помина.
На квалитетниот турнир учествуваа седум клубови, а охридскиот предводен од Ацо Јосифоски (IV дан) беше еден од најуспешните.
Најмногу медали беа сребрени вкупно шест, пет бронзени и едно златно одличје, а посебно признание имаше за Филип Јосифоски кој беше прогласен за најдобар јуниор.
Од клубот напоменуваат дека нивните одлични резултати на национално и меѓунарадно сеуште не се забележани од градските власти за помош и афирмација на таеквондото.
Ohridnews