Шест медали од кои две златни освои Димитар Камнаровски на интернационалниот митинг во Нојс, Германија. На митингот учествуваа пливачи од четири земји и тоа Германија, Холандија, Луксембург и Белгија.

Камнаровски најсветлите одличја ги освои во дисциплината грбно на 50 и 100 метри со време 33.40 секунди односно 1.11.94.

Три сребрени медали охридската пливачка надеж нанижа во 50 метри пеперутка со време 37.73, 200 метри грбно 2.36.78 и 200 метри пепуретка 3.03.40. Со бронзен медал се закити на 100 метри пепуретка со време 1.24.68.

Во финалната трка на 50 метри краул Камнаровски заврши позади водечката тројка односно на четвртата позиција.

Мх.П.