Душко Арсовски е новиот портпарол на Владата. Оваа одлука е донесена на денешната владина седница.Од владината прес-служба информираат дека покрај Арсовски, активен портпарол на Владата останува и Муамет Хоџа.
Душко Арсовски е новинар со дводецениско работно искуство. Од 2012 година е уредник за надворешна политика во МРТ, уредник на централниот дневник и во еден период заменик главен уредник на Информативната програма.
Претходно работел како новинар/продуцент и шеф на дописништвото на „Би-Би-Си“ на македонски во Скопје. Две години бил уредник и водител на вестите на „ТВ Алфа“ како дел од тимот којшто ја основаше телевизијата.
OhridNews