Бранот заминувања од РК Вардар продолжува. Последен тоа го најави младиот шпански бек Алекс Душебаев, кој на својот фејсбук профил ја потврди информацијата на претседателот на Киелце дека од 2017 година ќе ги брани боите на актуелниот европски првак, каде тренер е неговиот татко.
– Официјално од 2017 година ќе играм во Киелце. Многу сум среќен што можам да ја споделам оваа вест со вас. Имам уште една година со Вардар, ќе играм и ќе се борам до крај. – напиша Душебаев.
Душебаев во Вардар дојде во 2013 година.
OhridNews