Американците Френк и Бети Скраут од Пенсилванија планирале да ја прослават 49 годишнината од бракот наредниот месец, иако неодамна откриле дека нивниот брак никогаш не бил регистриран. Френк изјавил дека сите изминати години живееле во грев и дека тој всушност бил слободен маж.
Се венчале во католичка црква во 1960 година во присуство на две сведоци и 5-годишната ќерка на Бети. За проблемот откриле кога Бети поднела барање за пензија. Се шокирала кога открила дека во системот е заведена како слободна жена. Свештеникот кој ги венчал никогаш не ги предал документите кои докажуваат дека биле во брак.