Со пласманот во полуфиналето во Лига Европа (ЛЕ) на Рома и Јувентус, како и на Фиорентина во Конференциската лига (КЛ), синоќа продолжи серијата одлични резултати на италијанските екипи од кои дури пет се најдоа во завршницата на европските клупски натпреварувања.

Интер и Милан ќе играат во „италијанското полуфинале“ во Лигата на шампиони (ЛШ) и на Италија ќе ѝ донесат сигурен финалист, Јувентус во полуфиналето во ЛЕ ќе игра против Севиља, а Рома против Баер Леверкузен, додека Фиорентина за пласман во финалето во КЛ ќе треба да биде поуспешна од Базел.

По Италија, со најмногу претставници во европските клупски полуфиналиња влегуваат Англија и Шпанија со по две екипи.

Учесници во европските клупски полуфиналиња по држави:

Италија: Интер, Милан (ЛШ), Рома, Јувентус (ЛЕ), Фиорентина (КЛ).

Шпанија: Реал Мадрид (ЛШ), Севиља (ЛЕ).

Англија: Манчестер сити (ЛЕ), Вест Хем (КЛ).

Германија: Баер Леверкузен (ЛЕ).

Холандија: АЗ Алкмар (КЛ).

Швајцарија: Базел (КЛ).

OhridNews