Европа е повторно лута на “Google”. Европската регулаторна комисија ја казни компанијата со глоба од 2.42 милијарди евра или 2.7 милијарди долари, за форсирање на нивната алатка „Alphabet“ при пребарување иако истата алатка ја имаат бројни други компании.
Се предвидува дека компанијата ќе ја плати глобата до средината на годината. Оваа казна не претставува никаков проблем за “Google” бидејќи има 18.1 милијарди долари во кеш. И без изгледи за слична казна од САД, пребарувањата веројатно нема да изгледаат поинаку во скоро време.
Во меѓувреме, Европејците продолжуваат да го користат “Google” дури и повеќе од Американците. Во Европа, 91% од пребарувањата се на Гугл, наспроти 87.7% во САД.
A.M.