Игра, забава, едукацијата и награди, така изгледаше викендот за посетителите на Охридската плажа „Куба Либре“.

Во рамки на едукативната промоција на „Дурекс“, викендов, на плажата „Куба Либре“ младите луѓе, посетители на плажата, имаа можност играјќи ја играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“, да се натпреваруваат за интересни награди.

Истовремено, Дурекс девојките ги едуцираа младите, им даваа корисни информации и им одговараа на сите прашања поврзани со правилната заштита при сексуалниот однос. Победниците беа наградувани со летни реквизити, а сите учесници во играта „Дурекс 69 – Не лути се човеку“ за да нема лутење добија презервативи од најпопуларниот светски бренд.

Дурекс за следниот викенд најавува нови изненадувања за младите во Охрид.

OhridNews