Кошаркарот на Голден Стејт, Кевин Дурант го чека долг процес на рехабилитација и пауза после операцијата на Ахиловата тетива. Дурант се повреди во текот на петтиот меч од финалната серија со Торонто.
- Сакам да ве известам дека се случи најлошото и скинав Ахиловата тетива. Операцијата ја направив во средата и беше успешна. Мојот процес за враќање на терените почнува од денеска. Мојата фамилија и пријателите се константо со мене и ми праќаат пораки за поддршка. Ќе бидам искрен и ќе речам дека патам, но се е во ред. Кошарката е моја најголема љубов и сакам да играм секогаш. Сакав да и помогнам на екипата, но плановите и желбите не одат некогаш рака под рака. Ова ќе биде тежок пат, но подготвен сум да одам по него. Знам и верувам дека играчите ќе го добијат шестиот меч и во мајсторка ќе се одлучува за титулата. – напиша на социјалните мрежи Дурант.
Дурант паузираше месец дена поради повреда а кам бек имаше токму на петтиот меч од серијата. „Воините“ и без неговата помош победија и намали на 3-2 и изборија шести меч кој ќе се одигра во „Оракл арената“.
OhridNews