Швеѓанецот Арманд Дуплантис го собори денеска светскиот рекорд, кој и досега беше во негова сопственост, прескокнувајќи во третиот обид 6.19 метри на митингот во сала во Белград.
Дуплантис (22) за еден сантиметар го подобри рекордот од Глазгов, постигнат во февруари 2020 година.
Во сопственост на шведскиот атлетичар е и светскиот рекорд на отворено, кога истата година во Рим прескокна 6.15 метри.
Митингот во Белград е генерална проба за Светското првeнство во сала кое од 18 до 20 март ќе се одржи во српската метропола.
OhridNews