Нацрт-Деталниот урбанистички план за Урбана заедница 9 Урбан Блок 9.2 чии граници на опфат се улиците: „7-ми Ноември“, „Егејска“, „Железничка“ и „Абас Емин“, со вкупна површина на опфатот од 15.50 хектари, од денеска е ставен на јавна расправа, соопшти локалната самоуправа.

Јавната анкета трае од денеска заклучно со 2.10.2009. година. Јавната презентација ќе се одржи на 25-ти овој месец со почеток во 12 часот во големата сала на општинската зграда.

Ohridnews