На 13ти овој месец, до кога беше и законскиот рок,  заврши јавната анкета по Нацрт – ДУП за дел од 6-та Урбана Единица урбан блок 6,2 опфат 1, соопшти локалната самоуоправа. Јавната анкета започна на 2. овој месец, а на 09. 02 во големата сала на општинската зграда се одржа и јавна презентација на понудениот  Нацрт-ДУП , кој за граници ги има: на север- „Првиот градски Ринг“; на југ- „Туристичка“ на исток – ул. „Јане Сандански“; на запад –  ул. „Даме Груев“

– Во текот на јавната анкета, граѓаните и заинтересираните физички или правни лица, можеа преку  анкетни листови да ги достават своите забелешки, сугестии, предлози…По добивањето на сите анкетни листови и изнесени забелешки (сметано и на оние доставени по пошта), Градоначалникот формира комисија чија должност е да ги разгледа мислењата изнесени во јавната Анкета и да ги земе предвид оние што се основани односно истите да се вметнат во Планот кој ќе се изготви како Предлог –ДУП.  Така изготвениот Предлог-ДУП се доставува до Советот на општината кој на седница расправа по добиениот Предлог – ДУП, информираат од општината.

Имајки ја предвид динамиката на решавање на прашањата сврзани со урбанистичките планови, како од аспект на времето за нивно изготвување така и од аспект на тоа дека по изготвениот Предлог –ДУП треба со мислење да се произнесе надлежното министерство, малку е веројатно дека ДУП-от за дел од шестата УЕ (Карабегомала),  ќе биде донесен од сегашниот состав на Советот на општината, велат од локалната самоуправа.

Ohridnews