Советот на општина Охрид денеска ќе го одржи третото продолжение на 41 седница која започна на 14 септември.
Причина за незавршувањето на оваа седница се несогласувањата помеѓу советничките групи околу донесувањето на деталните урбанистички планови за урбаната единица 17 (СРЦ Билјанини извори-бараки на „Гранит“ и „Трудбеник“) и за Горица, каде е предвидено да се градат хотелски комплекси.
Дел од советниците не се согласуваат со предлогот на општинската администрација за урбанизација на овие локации, бидејќи според нив со тоа ќе се уништи автентичноста на просторот и ќе се наруши природниот баланс.
Наспроти ова, предлагачот, градоначалникот Петрески, измената на деталните урбанистички планови ја правда со инвестиција од 15 милиони евра и голем број вработувања кои треба да се случат доколку се изградат предвидените објекти на споменатите локации.
ohridnews