Утре во 12 часот, во големата сала на Општина Охрид,  ќе се одржи Јавна презентација на Нацрт-деталниот урбанистички план за Урбана заедница 7, Урбан блок 7.1.


Овој урбанистички план,  Советот на општината, го утврди на единаесеттата седница, која што се одржа на 29.12.2009 година, а на јавна анкета е ставен до 20-ти, јануари.

ДУП за УЗ 7, го опфаќа простор меѓу улиците: „7-ми Ноември“,  „Прв градски ринг“, „Абас Емин“ и „Туристичка“, со вкупна површина од 14,6 хектари.

Ohridnews