Во рамки на фестивалот „Охридско лето“, вечерва, концерт ќе одржи пијано дуото Корољов.

На програмата се дела на Брамс, Дворжак и Равел.


 
Пијано дуото Корољов е оформено во 1976 од младите пијанисти – сегашните реномирани уметници – Евгениј Корољов (Русија) и Љупка Хаџигеоргиева (Македонија) за веќе следната година да победи на натпреварот на Музичката Младина во Белград. Потоа следеа успесите на меѓународните фестивали и натпревари за дуо пијано во Ленинград и во Екатеринбург. Дуото Корољов има реализирано повеќе телевизиски снимки, како и изданија на компакт дискови. Во 2006 година нивниот искучителен запис на Шубертовата музика им ја донесе наградата “Choc” на “Le monde de la musique”.

Концертот на Дуо Корољов започнува во 21 часот во црквата Св. Софија.

OhridNews