Охридските дуќанџии задоволно ги тријат рацете. За промајските празници
прометот неколку кратно бил зголемен, а рака на срце зголемени беа и
цените на производите и услугите. За промајските празници во Охрид
престојуваа околу 10.000 гости. Дел од нив беа странски туристи, а
најмногубројни беа тие од соседните Србија и Албанија.
Иако
ги нема грците прометот е добар, ни изјавија дуќанџиите во охридската
чаршија. Гостите од Србија сакаат да понесат по некој сувенир од
Охрид, додека гостите од Албанија се добри „платиши“, велат тие.
Судејќи по посетеноста за време на Велигденските и првомајаските празници претстои добра туристичка сезона во Охрид.